Се чини дека глобалното затоплување може да служи како корисна метафора за глобалните прашања. Минатата недела понуди низа на примери во кои може да се забележи пораст на авторирарниот национализам, исто како константното влошување на временските состојби на повеќе места во светот. Во секој од овие случаи, од Хонгконг преку Кашмир и до Израел, невозможно е директно да се обвини американскиот претседател Доналд Трамп, поради фактот што тамошните лидери имаат сопствени мотиви. Но, контроверзниот американски лидер со неговите изјави, а понекогаш дури и со отворено охрабрување на овие чекори, го направи светот побезбедно место за авторитаризмот, пишува колуминистот Дејвид А. Грахам за магазинот „Атлантик“.

Тргнувајќи западно од Вашингтон, „турнејата“ започнува во Хонгконг, каде што стотици илјади демонстранти секојдневно се на улиците. Кинеската влада испраќа знаци дека би можела да ја испрати армијата за да ги спречи и контролира протестите, вклучувајќи и воени вежни во Шенжен, кој се наоѓа во близина на Хонгконг. Во недоразбирањето меѓу демонстрантите кои бараат граѓанска слобода и глас на демократијата и автократската кинеска влада, Трамп беше екстремно резервиран во предупредувањата за кинескиот претседател Си Џинпинг против бруталниот одговор на властите, како и да ги одбрани протестите, и покрај силниот пристисок од повеќе страни.

Турнејата не носи кон запад во Кашмир, регионот кој се наоѓа во сериозна воена криза поради одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди кој одлучи да го прекине автономниот статус на регионот Џаму и Кашмир на 5-ти август. И повторно, иако оваа одлука не е по директна вина на Трамп, неговото генерално одобрување на авторитарните акции, конкретно тврдејќи дека Индија го поканила да биде медијатор во спорот со Пакистан, создаде услови за вакви чекори.

На скоро 3.000 километри од Вашингтон, пристигнуваме во Ерусалим, каде што владата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кажа дека нема да им дозволи на демократките Рашида Тлаиб и Илхан Омар да влезат во земјата, иако денес Тлаиб доби дозвола да влезе на Западниот брег. Според Грахам, Нетанјаху не можел да си дозволи да го разочара најблискиот сојузник Трамп.

– Ниту интервенцијата на кинеската армија во Хонгконг, ниту одлуката на Моди за Кашмир, ниту пак блокадата за влез во Израел на Омар и Тлаиб не би била замислива ако не е Трамп претседател на Америка, но секој инцидент посебно покажува како лидерот на САД е индиферентен кон демократските норми, и некогаш се покажува отворен антагонизам кон нив, ситуација која потоа го формира однесувањето на светските лидери – смета Грахам.

Слично, Трамп имплицитно го поддржа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во некои негови чекори, египетскиот лидер Абдел Фатах Ал Сиси во централизација на неговата моќ и не го обвини принцот Мохамед бил Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги поради важноста на продажбата на оружје на САД во Саудиска Арабија. Исто така, даде поддршка и на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на полскиот претседател Анджеј Дуда при истрагите за оние кои не се согласуваат со нивните политики.

Трамп не ги постави овие луѓе на политичка позиција, и не ги креираше нивните авторитативни импулси. Но, неговото однесување кон медиумите, слободата на говорот и основните демократски принципи значи дека тие се чувствуваат послободно да делуваат на нивните импулси, знаејќи дека САД не се заинтересирани, завршува Грахам.