Американскиот претседател Доналд Трамп изрази задоволство и ги поздрави членовите на Републиканската партија во Претставничкиот дом, кои речиси едногласно се искажаа против резолуцијата за расизмот поднесена од демократите.

Од вкупно 191 републкански членови на Претставничкиот дом присутни на гласањето, 187 гласаа против резолуцијата.

Претходно, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат расистичките коментари на претседателот за четири демократски членки на Конгресот од малцинските заедници.

Квалификациите кон Александра Оказио Кортез, Илхар Омар и уште две конгресменки, дојдоа по нивните зачестени критики за лошите услови во кои се држат бегалците на границата со Мексико и други проблеми со кои се соочува Администрацијата на Трамп.

Трамп им порача дека треба да ги напуштат САД „ако не се задоволни“ од тоа како стојат работите во земјата.