Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата за сексуална злоупотреба врз колумнистка во 1990-те години, истакнувајќи дека таа не е негов тип.
Тој рекол дека Е. Џин Керол лаже за наводниот напад во Њујорк.

– Го кажувам ова со голема почит. Прво таа не е мој тип. Второ, никогаш не се случило – изјави Трамп.

Колумнистката Керол (75) ги изнесе обвинувањата за њујоркшки весник минатиот петок. Таа рекла дека ќе размисли за поднесување обвинение против Трамп. Керол е 16 жена што го обвини Трамп за сексуален напад. Трамп ги негира сите обвинувања против него.