Претседателот на САД, Доналд Трамп потврди дека утре стапуваат на сила дополнителните царини од 15 отсто за кинеските производи во вредност од повеќе милијарди долари.

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали е можно да се одложи примената на дополнителните царини синоќа истакна дека се одобрени царините.

Дополнителните 15 отсто царини се однесуваат на дел од кинеските артикли во вредност од 300 милијарди долари и се однесуваат на производи од секторот на прехрана, текстил и мебел.