Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред воениот персонал во Пентагон ја претстави новата стратегија за развој на американската противракетна одбрана.

Новиот извештај на Пентагон, прв после оној донесен во 2010 година, се занимава со „суперсоничната закана“, од страна на силните противници на САД како Русија и Иран, јави допсиникот на МИА од Вашингтон.

Во своето обраќање Трамп потсети дека САД имаат технологија да одговорат на секоја ракетна закана и дека развиаваат модерни оружја „многу понапредни од оне што ги поседуваат нашите противници.“

На почетокот од своето обаќање Трамп се осврна и на потребата од силни гранции и изградба на бариери и ѕид на границата со Мексико за запирање на имигрантите од Јужна Америка.

– Дрога и дилери со дрога, киднапери и криминални банди влегуваат преку нашите јужни граници, укажа претседателот. Повтори дека демократите се противат на изградба на силни бариери и силна и безбедна граница, и затоа не ги одбруваат средствата за зидот. Тоа и причината за блокадата на федералната влада, кажа Трамп.

Претседателот во Пентагон беше придружуван од потпретседателот Мајк Пенс и од Патрик Шанахан, вршител на должноста секретар за одбрана.

-Нашата земја не бара противници, но и не ги игнорира. За да работи, во стратегијата за ракетна одбрана потребни се офанзивни дејства, укажа Шанехен.

Вселената е клучна во стратегијата за ракетна одбрана, укажа тој, алудирајќи на плановите на Трамп за изграда на „вселемски сили“ како шест воен оддел на американската армија.

Администрацијата на Трамп неодамна го заврши како што најави „првиот продлабочен осврт на ракетната одбрана и моќ на САД,“ прв по оној од 2010 година донесен од претходникот Барак Обама.

Администрацијата смета дека во последните години има суштествени промени во заканите против националната безбедност на САД, на сојузниците и партнерите.

Рускиот претседател Владимир Путин, на пример, неодамна ја презентираше новата руска суперсонична ракета „Авангард“ која наводно летала со брзини кои повеќекратна ја надминувале брзината на звукот, но американски воени експрти укажуваат дека тоа тој проект е само во разработка.