Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да поддржи „разумен договор“ меѓу лидерот на републиканците и лидерот на демократите во Сенатот, Мич Меконел и Чак Шумер за прекин на делумната блокада на американската Влада.

– Ако постигнат разумен договор, ќе го поддржам, изјави Трамп пред состанок со републикански конгресмени.

Меконел и Шумер имаа синоќа средба по два неуспешни обида во Сенатот да се прекине блокадата што трае од 22 декември.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси „ладно“ ја дочека понудата на Белата куќа да се усвои привремен нацрт буџет ако во него има „депозит“ за ѕидот на границата со мексико. Запрашана за идејата за „депозит“, Пелоси рече дека тоа не е разумен предлог.