Американскиот претседател Доналд Трамп обелодени дека САД ќе ги зголемат рамките на постоечките санкции кон Венецуела, додавајќи дека издал извршна наредба за комплетно економско ембарго против земјата, објави Си-ен-ен.

Новото ембарго ги блокира сите средства на владата на Венецуела и сите поврзани субјекти, и притоа забранува економски трансакции со нив, освен за конкретни случаи. Исклучоците вклучуваат официјални бизнис трансакции на федералната влада и трансакции поврзани со хуманитарна помош.

Извршната одлука на претседателот Трамп означува екалација на веќе драстичните американски мерки против владата на Венецула, кои започнаа со почетокот на политичкиот хаос и големата економска криза во која западна јужноамериканската земја.

– Одлучив дека е неопходно да се блокира имотот на владата на Венецуела имајќи ја во предвид континуираната злоупотреба на моќта од страна на нелегитимниот режим на Николас Мадуро, како и злоупотребата на човековите права, произволните апсења и притворања на Венецуелците, ограничувањето на слободата на медиумите и постојаните обиди за поткопување на привремениот претседател Хуан Гваидо кој е демократски изборан од Националното собрание на земјата – стои во писмото на Трамп до американскиот Конгрес.

Политичките превирања во Венецуела започнаа уште по претседателските избори минатата година, каде Мадуро успеа да осигура нов шестгодишен мандат во изборен процес за кој многумина сметаат дека беше фингиран. Лидерот на опозицијата Гваидо во Националното собрание се самопрогласни за привремен претседател на државата претходно оваа година.

И додека неколку други земји, вклучувајќи ги Кина и Русија го поддржаа Мадуро за време на изборите, Трамп и САД беа гласни поборници и застанаа зад Гваидо.

Американските сакнции кои беа наметнати врз државната нафтена компанија на Венецуела помогнаа во забрзувањето на колапсот на извоз на нафта од државата, што потоа имаше силно влијание врз глобалниот пазар, завршуваат од Си-ен-ен.