Новиот каталонски лидер Ким Тора, чија Влада денеска положи заклетва најави дека ќе продолжи со напорите за независност на таа област.

– Оваа влада е посветена на движење напред кон независна држава во форма на република, рече Тора.

Тој истакна дека сака да започне преговори со новиот шпански премиер Педро Санчез за решавање на спорот меѓу Барселона и Мадрид.

– Педро Санчез, ајде да разговараме, да преземеме ризици, ние двајца, ајде да седнеме на маса и да разговараме, како влада со влада, изјави Тора.

Социјалистот Санчез, кој денеска положи заклетва како премиер на Шпанија, е за разговори со Каталонија, но е против референдум за независност.