Повеќе од 10 смртни случаи во американските сојузни држави Вашингтон и Орегон може да бидат поврзани со силниот топлотен бран што донесе екстремно високи температури и предизвика ограничувања на електричната енергија во северозападниот дел на САД.

Во Сиетл и Портланд, по неколку дневни последователни рекордно високи температури кои надминаа 37,7 степени, вчера имаше мало олеснување, но температурите во градовите во источен Орегон и градовите во Ајдахо достигнаа пораст, пренесуваат агенциите.

Во Спокен, Вашингтон, биле измерени 42,2 степени што се највисоки температури забележани во тој град.

Американскиот претседател Џо Бајден за време на промоцијата на инфраструктурниот план вреден 1,2 милијарди долари во градот Лакрос во државата Висконсин, зборуваше за потребата, земјата да се подготви за екстремните временски услови.

Метеоролозите сметаат дека топлотниот бран бил предизвикан од антициклон над североистокот на САД и климатските промени предизвикани од човекот, поради што ваквите појави ќе бидат се поверојатни и поинтензивни.