Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на инаугурацијата на Џо Бајден што ќе се одржи на 20 јануари, објавија организаторите на настанот.

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк, Џенифер Лопез и Ент Клемонс, а Лејди Гага ќе ја пее американската химна, објави „Ројтерс“.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Програмата ќе се емитува на телевизиите „Си-би-ес“, „Еј-би-си“, „Си-ен-ен“, „Ен-би-си“, МСНБЦ и ќе се емитува на Јутуб, на Фејсбук, на Твитер и на некои други онлајн платформи.