Противкандидатката на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на претседателските избори, Светлана Тихановскаја, изјави дека е подготвена да стане национален лидер.

– Подготвена сум да преземам одговорност и да се однесувам како национален лидер, за да се смири ситуацијата во земјата и да се врати нормалниот ритам – рекла таа во видео порака објавенa на Јутуб, пренесе ТАС С.

Таа истовремено побара ослободување на сите политички затвореници, како и да се подготви правна рамка и услови за нови претседателски избори кои би ги признала и меѓународната заедница.

Во Белорусија веќе една недела траат протестите поради претседателските избори на кои победа прогласи Лукашенко, кој освои над 80 отсто од гласовите.

Тихановскаја на тие избори освои околу 10 отсто од гласовите, но потоа побегна во Литванија.