Реката Рио Гранде е кобно место за многу мигранти кои нелегално се обидуваат да влезат во САД

Мрачната реалност на мигрантската криза на границата меѓу САД и Мексико доби нова димензија, со смртта на двајца мигранти од Ел Салвадор, кои во обид да стигнат во Америка се удавија при преминување на реката Рио Гранде во сојузната држава Тексас, пренесува „Гардијан“.

Оскар Алберто Мартинез Рамирез (26) и неговата 23-месечна ќерка пристигнале на границата во неделата, со надеж дека тие заедно со неговата сопруга Ванеса Алварос ќе може да поднесат документи за азил кај американските власти. Но, откако сфатиле дека ќе бидат потребни недели за да се започне процесот, Мартинез одлучил дека треба да ја препливаат реката, што заврши со кобни последици за него и неговото дете.

Случајот со Рамирез и неговата ќерка дополнително ги отвори прашањата за третманот на мигрантите на границата, кои се принудени да бараат други решенија за влез во „ветената земја“. Според најновите информации, повеќе од 100 деца се вратени во прифатниот центар на границата во сојузната држава Тексас, само еден ден по нивното преместување, објавија американските погранични власти, а пренесе Би-би-си.

Овој случај е само еден од многуте кој ги покажува опасносните со се соочуваат мигрантите главно од Централна Америка, кои во нивните обиди да избегнат насилството, корупцијата и сиромаштијата во нивните родни земји, се одлучуваат да бараат азил и нов дом во САД.

Како дел од пошироката истрага за миграција, администрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ги принуди мигрантите да чекаат во Мексико за време на процесуирањето на нивните барања, постапка која би можела да трае и неколку години. Поради тоа, поголем дел од мигрантите започнаа да бараа нови алтернативи, кои се драстично поопасни, со надеж дека ќе ја преминат границата.

Досега оваа година, дузина луѓе загинаа обидувајќи се да ја поминат опасната река Рио Гранде, каде нивоата на вода се највисоки во последните 20 години. Слични случаи имаше и на крајот на минатата година, кога силниот мигрантски бран од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор ги преплави границите и прифатните центри на повеќе локации од границата меѓу САД и Мексико.

Околу 250 деца-мигранти беа префрлени од преполниот центар, откако адвокатите добија одговор од надлежен судија дека децата биле „сериозно запоставени“ од службите. Во меѓувреме, првиот човек на американската Царинска и гранична заштита Џон Сандерс најави дека ќе на напушти позицијата, без да презицира која е контретната причина за овој потег.

Оставката на Сандерс доаѓа во момент кога на американско-мексиканската граница во мај беа приведени најмногу мигранти уште од 2006 година.