Регрутерите ги охрабруваат новите членови на меѓународните терористички организации да го шират коронавирусот на јавни места, изјави шефот на Центарот за борба против тероризам на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), Андреј Новиков, во интервју за ТАСС.

– Додека владите се обидуваат да обезбедат здравствена безбедност, фокусирајќи се на заштита на животот и здравјето на нивниот народ, регрутерите на меѓународни терористички групи не само што ја користат тешката состојба за да регрутираат повеќе џихадски војници, туку ги повикуваат заразените членови да го шират ковид-19 што е можно помасовно на јавни места, државни агенции и така натаму – истакна Новиков.

Според него, ваквите изјави формираат посебна категорија информации и психолошки закани за луѓето.

Согласно на тоа, во најдобра позиција се државите кои имаат ефикасни системи за контрола на епидемиолошката состојба, идентификување на заразените и лекување на болните, рече шефот за антитероризам на ЗНД.