Портпаролката на Тереза Меј изјави дека британската премиерка одржала „конструктивни“ состаноци со пратениците со цел наоѓање начин за добивање поддршка од Парламентот за договорот со ЕУ за брегзит.

Од Кабинетот на Меј исто така соопштија дека таа нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, бидејќи во овој момент е потребно сите напори да ги насочи кон решението околу договорот за брегзит.

Се очекува во текот на наредните денови да има повеќе состаноци со европски лидери на таа тема.