Телото на иранскиот воен командант, генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен во петокот во напад на САД, денеска беше испратено во Иран, каде го дочекаа бројни граѓани.

Како што јави „Ројтерс“, неговото тело е донесено со авион во градот Ахваз, во југозападен Иран.

Иранска ноивинска агенција објави видео во кое се прикажува како од авион се изнесува ковчег со телото на Сулејмани, завиткан во иранско знаме додека свири воен оркестар.

Илјадници луѓе облечени во црно маршираа низ Ахваз.

Иранските власти го транспортираа телото на Сулејмани во градот, што беше главната сцена на борбите за време на крвавата војна меѓу Ирак и Иран од 1980 до 1988 година, за време на која генералот се истакна, пренесе „АП“.

Властите планираат да го пренесат во Машаб ковчегот со неговото тело подоцна во текот на денешниот ден, а потоа во Техеран и Ком в понеделник, каде ќе бидат организирани погребни погреби за граѓаните.

Во вторник ќе биде погребан во неговиот роден град Керман.

Поради смртта на Сулејмани, прогласена беше тродневна жалост.