Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Франција, Емануел Макрон телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија, но и за кризата во Украина, се наведува во соопштението од Кремљ.

Двајцата претседатели детално разговараа за сириското прашање и за Договорот за формирање на уставен комитет, што лидерите на Русија, на Турција, на Германија и на Франција го постигнаа на 27 октомври 2018 година, се наведува во соопштението.

Путин и Макрон исто така разговараа и за ситуацијата во Украина и според Кремљ „за провокацијата на Киев во Керченскиот Теснец на 25 ноември 2018 година“.