Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, уверувајќи го дека Вашингтон ја поддржува неговата претензија за функцијата шеф на државата, соопшти Белата куќа.

– Претседателот Доналд Трамп денеска зборуваше со времениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, поздравувајќи го историското преземање на претседателството и беше изразена силната поддршка на претседателот Трамп кон венецуелската борба за демократија – се наведува во соопштението.

Вашингтон го поддржува Гуаидо како времен претседател на Венецуела, но уставниот шеф на државата Николас Мадуро, кој сѐ уште ги контролира сите државни институции, вклучувајќи ја и војската и полицијата, тврди дека Гуаидо е дел од обид за преврат, диригиран од САД.

Врховниот суд на Венецуела му забрани на опозицискиот лидер да ја напушта земјата.