Околу 1.600 припадници на Национална гарда на САД почнаа да се распоредуваат на американско-мексиканската граница, потврдија денеска властите на сојузните држави Тексас, Аризона и Ново Мексико.

Се очекува да пристигнат уште дополнителени број припадници на Гардата, како дел од мерките на властите за справување со илегалната миграција.

Калифорнија, која исто така една од пограничните држави, сė уште не соопшти дали ќе испратат свои трупи на границата кон Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трампнајави минатата недела најави дека ќе испрати од 2.000 до 4.000 припадници на Националната гарда долж граничната линија со Мексико, за да ја заштити границата на САД од илегални преминувања.