Тајланд денеска побара од Велика Британија да и ја екстрадира поранешната тајландска премиерка Инглук Шинаватра, која е осудена на затворска казна под обвинение за измами при доделувње земјоделски субвенции.

Инглук Шинаватра побегна од Тајланд во август минатата година со цел да избегне отслужување на казната затвор во траење од пет години, на која беше осудена поради измами со субвенциите за одгледување ориз, со што, според обвинението, на земјата и нанела штети од неколку милијарди долари.

Таа ги отфрла ваквите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран судски процес.

Актуелниот тајландски премиер Прајут Чан-оча изјави дека барањето упатено до Лондон претставува редовна процедура меѓу две држави кои имаа договор за екстрадиција.