Тајландски војник уби 12 лицa и држи заложници во трговски центар, јавуваат светските медиуми. Тој започнал да пука низ градот Корат на североистокот на земјата од засега непознати причини. Медиумите јавуваат дека тој пукал во претпоставените, колегите, во цивили…
Војникот најпрво ги убил своите претпоставени и двајца колеги на воениот кампус, а потоа украл возило и се упатил кон трговски центар во градот Корат во североисточниот дел на Тајланд, јавува Би-би-си.
Тој пукал во цивили во трговскиот центар, а според извештаите на медиумите убил најмалку 12 луѓе , а многумина се ранети. Тој сè уште се крие во трговски центар, каде зел и заложници.
На Фејсбук било острането видео на кое наводно војникот во живо го пренесувал масовното убиство. На Твитер се објавени снимки на кои се гледа војникот како пука во луѓе.