Mаж во Аризона е обвинет за убиство од прв степен, откако властите соопштија дека го убил неговиот 6-годишен син попарувајќи го со врела вода за да го спаси од ,,демони”.

Пабло Мартинез (31) им кажал на полициските службеници дека детето имало демон во себе и дека треба да се спаси.

Тој е уапсен во домот на едно семејство од Резерватот на племето Паскуа Јахуи, кој се наоѓа југо-западно од центарот на Тусон. Тој е приведен откако бил сослушан од истражителите.

Мартинез им рекол на полицајците дека забележал „демон“ во неговиот син во текот на претходната недела. Тој рекол дека додека го бањал својот син, заедно со уште едно дете, тој почнал да покажува ,, неприроден бес”. Мартинез додал дека видел нешто лошо и морал да го исфрли демонот држејќи ја главата на неговиот син под врела вода.

Тој го држел момчето под топла вода, која се влевала во неговата уста, пет до 10 минути, додека другото дете плачело гледајќи го тоа, се вели во судските документи.

Ромелија Мартинез, жената којашто го посвоила момчето, им изјавила на полицајците дека слушнале звуци од гушење кои доаѓале од бањата, но дека вратата била заклучена. Кога успеала да влезе внатре го видела Мартинез како го држи детето под вода и повеќе пати врескала за да запре.

Полицијата го пронашла шестгодишното дете како лежи на кревет голо и навалено на перницата. Се чино дека не диши. Полицијата го завиткала детето во крпа и го ставила во возило на брзата помош, каде што е утврдено дека е мртво.

Во болницата, Федералното биро за истраги открило изгореници на подлактиците, лактите и главата на детето. Медицинскиот персонал соопшти дека повеќе од 15 проценти од неговото тело е изгорено.

Племето Паскуа Јахуи брои околу 19 000 членови, од кои 4 000 до 5 000 живеат во резерват, според Националниот Конгрес на американски Индијанци.