Бројот на жртви кои настрадаа во експлозијата на цистерна со нафта во Танзанија порасна на 75, откако уште четири лица починаа во болница од здобиените повреди.

Поради несреќата, претседателот во земјата, Џон Магуфили прогласи национална жалост.

Несреќата се случи пред два дена, а десетици лица се здобија со повреди, обидувајќи се да извлечат гориво од цистерната по сударот.

Инцидентите во кои луѓе загинуваат во експлозии, обидувајќи се да крадат гориво од оштетени цистерни не се ретка појава во источна Африка, наведе „АП“.