Талибанското знаме се вее над претседателската палата во Кабул на денот на одбележувањето на 20-годишнината од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД.

Денешната годишнина се одбележува само неколку недели по повлекувањето на американските војници од Авганистан и враќањето на талибанците на власт, кои се поврзани со Ал каеда, милитантна муслиманска организација која го изврши нападот во 2001 година, пишува АП.

Знамето на талибанците беше подигнато вчера.

САД денеска ја одбележуваат годишнината од терористичкиот напад предводен од Осама бин Ладен, основачот на Ал каеда.