Јапонската фармацевтска компанија Такада ја обнови својата понуда од 63 милијарди долари за компанијата Шајр, најдобро позната по производството на лекарства како Виванс и Адерал. Шајр ја одби понудата, но најави дека разговорите со Такада продолжуваат, додека во исто време компанијата разгледува можна контра-понуда од Алерган.

Доколку Такада ја купи Шај, ќе стане еден од најголемите производители на лекови во светот, со значителен удел на американскиот пазар.