Повредата на приватноста со кражбите на податоци од страна на руските хакери е глобална грижа на денешницата. Би-би-си открива колку всушност е лесно во Русија да се купат лични податоци, како што се пасош или информации за банкарски сметки.

Според експертите за кибер-безбедност, огромни количини од наводни лични податоци меѓу кои и податоци од руски државни институции, се купуваат и продаваат секојдневно.

Во јануари 2018 година, на Роман Рајбов кој работел за „Билајн“, еден од најголемите мобилни оператори во Русија, му пришол непознат маж. Станува збор за Андреј Богодијак, кој веднаш му понудил бизнис-зделка. Тој побарал од Рајбов да му овозможи пристап до телефонските записи на негов познаник.

Подоцна истиот ден Рајбов му испратил на меил долга листа на телефонски повици, за која бил платен илјада рубљи (околу 14 евра).

Тој исто така обезбедил податоци од уште два мобилни телефона за својот познаник. Но дотогаш „Билајн“ забележала неправилности и ја известила полицијата.

На двајцата биле осудени на општествено-корисна работа – Богодијак добил 340 часа, а Рајбов 320.

Денес приватни детективи, изманици или љубоморни сопрузи можат да пребаруваат на нелегалните форуми на Интернет и да нарачаат услуги од хакер кој ќе им обезбеди неограничена количина на лични податоци.

Нелегалните форуми исто така имаат секции за пристап на податоци од државни организации, вклучувајќи ја и Сојузната даночна служба.

– Ако некој има барање и нуди пари за услугата, тогаш некој секако ќе се нафати да ја обезбеди таа услуга – изјавил Харисон ван Рајпер, истражувачки аналитичар во фирмата за кибер-безбедност „Дигитални сенки“.

Но ваквите случаи не се карактеристични само за Русија, протекување на официјални информации се случуваат во сите држави.