Сушата што од пред неколку недели зафати неколку реони на Германија му нанесе штети на германското земјоделство од на една милијарда евра, јави ДПА.

Во материјалите подготвени за средбата закажана за в понеделник на претставници на федералната и покраинските власти посветена на проблемите во земјоделскиот сектор, се посочува дека според сегашните проценки штетите од сушата достигнале 1,1 милијарди евра.

Според овие податоци, подготвени од германското Министерство за земјоделство, сушата најтешко ја погодила сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, каде штетите се проценети на 422 милиони евра.

Асоцијацијата на германските земјоделци (ДБВ) бара од властите една милијарда евра помош за покривање на загубите од сушата.

Согласно германското законодавство, одговорноста за покривање на штетите во земјоделството е на 16-те сојузни покраини.