Најнаселената сојузна австралиска држава Нов Јужен Велс во вторникот наметна ограничувања на водата за првпат по една деценија, откако нивоата на браните паднаа до речиси 50% поради долгата суша во земјата.

Во последните две години источниот брег на земјата се соочува со потпросечни врнежи од дожд, што доведе до намалено земјоделско производство и жестока политичка дебата за влијанието на климатските промени.

Со новите рестрикции, жителите на Нов Јужен Велс ќе можат да ги наводнуваат своите тревници и дворови од 10 до 16 часот. Измивањето тврди површини како што се бетонските патеки ќе биде забрането од 1 јуни.

Нов Јужен Велс, дом на околу една третина од вкупното население во Австралија и најголемиот град Сиднеј, последен пат воведе вакви ограничувања на водата во 2009 година.

Министерката за вода на Нов Јужен Велс, Мелинда Павеј, изјави дека најновите прогнози за суво и жешко време ја принудија владата да донесе ваква одлука.

-Последната прогноза на Управата за метеорологија предвидува пониски нивоа на врнежи и повисоки температури во периодот од јуни до август, што се клучни двигатели за зголемена побарувачка на вода- се вели во изјавата на Павеј.

Нивото на браната во државата сега е нешто повеќе од 50%, остар пад од претходните 96% во април 2017 година, рече таа.