Руди Џулијани

Американскиот апелационен суд во Вашингтон го суспендираше од пракса Руди Џулијани, поранешниот адвокат на Доналд Трамп, откако беше утврдено дека тој лажел во врска со претседателските избори во 2020 година.

Апелациониот суд во Колумбија издаде наредба пред две недели, со која се бара суспензија на лиценцата за Џулијани, откако тој тврдеше дека претседателските избори биле наместени и украдени од Доналд Трамп, пишува „Ројтерс“.

Како што наведува судот, лажното тврдење на Џулијани го загрозува јавниот интерес и ја поткопува довербата на јавноста во изборниот процес.

По пресудата, Џулијани изјави дека ќе оди на суд и ќе се бори против суспензијата во Њујорк.