Организацијата на американски држави (ОАС) денеска усвои резолуција со која почнува процес за суспензија на членството на Венецуела во оваа организација со 34 членови.

На состанокот на Генералното собрание на ОАС во Вашингтон, 19 членки гласале за суспензија, четири против, а 11 биле воздржани.