Суд во Тексас донесе одлука дека клучен дел од Законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер, е неуставен.

Судијата Рид О’Конор рече дека Законот кој Конгресот го усвои во 2017 година, избришал даночни казни кои поединци ги плаќале во случај да немаат здравствено осигурување.

– Поради тоа, Обамакер е неуставен во целина, бидејќи тој елемент бил „клучен“ – нагласи судијата.

Обамакер беше донесен во мандат на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.