Апелациониот суд во Пенсилванија го прифати барањето на кампањата на Доналд Трамп и наложи дел од гласачките ливчиња добиени по пошта да бидат иззмени од пребројувањето, но таа одлука нема да влијае на резултатот од изборите во таа американска држава.

Демократскиот кандидат Џо Бајден до четвртокот вечерта имаше предност од 53.580 гласови во однос на Доналд Трамп и досега не се знае точно на колку гласачки ливчиња ќе се однесува одлуката на судијката Мери Хана Луит.

Најверојатно станува збор за околу 2.000 гласачки ливчиња, тврди весник во Филаделфија.

Штабот на Трамп ова го нарече „победа“. „Асошиејтед прес“ во саботата го прогласи Бајден за победник, откако беше заклучено дека и преостанатите неизбоени гласови во Пенсилванија нема да направат разлика во водството на Бајден.