Судот во Мјанмар денеска ги отфрли жалбите на двајцата новинари на Ројтерс, кои се осудени на седум години затвор поради кршење на Законот за државни тајни.

Судијата Аунг Наинг изјави дека адвокатите не поднеле доволно докази за невиноста на нивните клиенти.

– Изречена е соодветна казна, посочи судијата Наинг.

Главниот и одговорен уредник на Ројтерс, Стивен Адлер наведе дека судската одлука е уште една „неправда од многуте кон Ва Лоне и Кјав Сое О“.

– Тие се зад решетки од една причина, тие кои се на власт сакаат да ја замолчат вистината, посочи Адлер.

Новинарите Ва Лоне (32) и Кјав Сое О (28) осудени се во септември минатата година поради прекршување на Законот за официјални тајни од колонијална ера за собирање и добивање на доверливи документи.

Новинарите тврдат дека двајца полицајци им предале документи во ресторан во северен Јангон, непосредно пред да бидат уапсени од други припадници на полицијата. Еден полициски сведок изјави дека тоа било замка за новинарите.

Ва Лон и Кјав Со О за агенцијата Ројтерс прибираа докази за злосторствата на безбедносните сили во 2007 година во селото Ин Дин, кога се убиени десет Рохинџи.

Армијата негира дека не е вмешана во убиствотото на Рохинџите.