Најмалку 34 лица се повредени во судир на експресен воз и камион во Јокохама, втор по големина град во Јапонија, кој се случи денес.

Судирот се случил на главниот премин на пругата кон Токио, а при ударот три од осумте вагони излетале од шините.

По судирот камионот се запалил, а машиновозачот е тешко повреден, пренесува „Ројтерс“.