Најмалку 20 луѓе загинаа, а околу 30 се повредени во судир на автобус и воз што се случи утрово источно од Бангкок, пренесува „Гардијан“.

Несреќата се случи недалеку од железничката станица Хлонг Кваенг Клан во провинцијата Чачоенгсао, 63 километри источно од Бангкок, изјави гувернерот на покраината, Маитри Тритиланон.

Тајландската полиција соопшти дека патниците во автобусот биле на пат кон будистички храм за да го одбележат крајот на периодот на сезоната на монсуните во Азија.

Како што наведуваат медиумите, автобус со шеесетина работници од фабрика, минувал преку пругите кога товарен воз удрил во него.

На снимките од местото на несреќата може да се види превртен и тешко оштетен автобус, а на спасувачите им требало кран за да го подигнат.

Причината за несреќата сè уште не е позната, но можно е возачот на автобусот да не видел како доаѓа возот од дождот.