Француската полиција испали солзавец за време на денешните судири во центарот на Париз за да ги потисне демонстрантите кои протестираат против реформата на пензискиот систем.

Како што јави Ројтерс, полицијата интервенирала откако на демонстрантите им се придружиле приврзаниците на „жолтите елеци“ и се обиделе да влезат во комплексот на железничката станица „Гар де л’ист“.

Претседателот Емануел Макрон рече дека се потребни реформи за да се поедностави сегашниот сложеен пензиски систем, но противниците на планот му порачаа дека многу луѓе ќе треба да работат подолго доколку се спроведат тие мерки.

Првите протести против пензиската реформа започнаа во декември, а нови демонстрации низ целата земја се закажани за 9 јануари.