Во близина на Триполи вчера дојде до нови судири меѓу провладините и бунтовничките сили од источна Либија, кои ги преводи командантот Калифа Хафтар.

Како што јави Би-Би-Си, повикувајќи се на извештаи од лице место, судирите меѓу силите на Хафтар и провладините војници се водат во три предградија во јужниот дел на Триполи, каде се наоѓа седиштето на меѓународно признатата Влада.

Силите на ОН во главниот град се во состојба на зголемена готовност.

Меѓународно непризнаената Либиска национална армија (ЛНА) претходно соопшти дека ја презела контролата врз аеродромот во предградието на Триполи.