Најмалку 40 луѓе се полесно повредени во судар на два патнички воза во австрискиот град Салзбург, соопшти локалната полиција.

Возовите се судриле при спојување на главната железничка станица, односно едниот воз пресилно удрил во другиот кој доаѓал од Цирих, информира претставник на полицијата.

Инцидентот се случил во раните утрински часови.