Југосточниот дел од Австралија го погоди студен бран со температури кои се движат околу три степени под нулата.

Уште во саботата, метеоролозите издадоа предупредување за силни и студени ветрови, снег и мраз.

Според пишувањата на австралиските медиуми, снегот и ниските температури ги отежнале условите во сообраќајот, затворени се голем број патишта, а студениот бран трае веќе неколку дена.

Како што се наведува, дел од градовите за првпат по неколку децении се прекриени со снег.

Во саботата настрада постар маж (68) додека скијаше во Нов Јужен Велс, кога врз него падна голема гранка дрво.

Службата за вонредни ситуации наведе дека примила 145 повици за помош ширум земјата, а над половина од повиците се однесувале на соборени дрвја.