Најмалку две лица се убиени, а четири се повредени кога вооружен студент, отворил оган во зградата на кампус на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот, САД, сопштија американските власти.

На повик по пукањето одговориле тројца полицајци кои го разоружиле 22-годишниот Тристан Ендру Тарел и го притвориле, пренесе „Ројтерс“.

Поранешните соученици го опишуваат напаѓачот како тивок.