Две лица беа убиени, а четворица се повредени во вчерашната престрелка откако вооружен студент отворил оган на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот.

Двајца студенти се убиени, 19-годишниот Рид Париер и 21-годишниот Рајли Хауел.

Според Си-ен-ен, студентот Рајли Хауел спречил да не дојде до масакр од големи размери скокнувајќи врз убиецот, но за жал тоа го платил со својот живот.

Убиецот, 22-годишниот Тристан Ендру Тарел, влетал во училницата во која Хауел и другите 30 ученици ги слушале завршните предавања, а Хауел се стрчал кон него и го турнал на под, што на крајот ѝ помогнало на полицијата да го фати убиецот.

Нападот се случи на последниот ден од учебната година. Завршните испити почнуваат следната недела, објави „Ројтерс“.

Семејството на убиениот Хауел рече дека тој секогаш се залагал за она во кое верувал и не се двоумел да им помогне на оние на кои им тоа им било потребно.

Во престрелката беа повредени четири ученици на возраст од 19 до 23 години, а еден од нив е од Саудиска Арабија.