Три лица се убиени, а над 20 се повредени во вооружен напад за време на забава во близина на студентски кампус на универзитетот во Гринвил, Тексас.

Мотивот за нападот сѐ уште не е познат, но раководството на универзитетот го потврдило настанот.

Сепак, отфрлени се наводите дека инцидентот се случил во студентскиот кампус.

Си-Ен-Ен пренесува дека пукањето се случило во изнајмена сала, од страна на студентско братство.

Напаѓачот е во бегство, а истрагата во тек.