Најмалку еден човек почина, а 227 се хоспитализирани од засега неутврдена болест во индиската држава, Андра Прадеш.

Докторите ги истражуваат причините за оваа неидентификувана болест, поради која пациетите имале широк спектар на симптоми – од мачнина до напад и несвестица, рекле докторите, наведувајќи дека голем дел од хоспитализираните лица оздравеле и брзо се пуштени дома.

Локалните медиуми пренесуваат дека пациентите направиле тестови за коронавирус и дека сите биле негативни.

– Луѓето кои се разболеле, особено децата, ненадејно почнаа да повраќаат откако се пожалија дека им горат очите. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади – изјавил медицински злужбеник во државната болница во градот Елуру.

Андра Прадеш е една од најлошо погодените држави од пандемијата на коронавирус. Но, овој случај не е поврзан со Ковид-19, потврди и министерот за здравство на Индија.