Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара Русија да соопшти детали за новиот ракетен систем за кој САД и другите сојузници тврдат дека го крши Договорот за нуклеарни сили од среден опсег.

– Жалиме што Русија не реагира на нашите повици за транспарентност за ракетниот систем – рече Столтенберг на состанокот на амбасадори на НАТО и Русија.

НАТО тврди дека руските крстосувачки ракети 9M729 го кршат Договорот за нуклеарните сили од среден опсег, потпишан во 1987 година од страна на САД и Советскиот Сојуз, со кој се забрануваат крстосувачки и балистички проектили со опсег од 500 до 5.000 километри.

Тој рече дека токму затоа што Русија не сака да зборува за тоа прашање се зголемува верувањето на НАТО дека тој систем „претставува сериозен ризик за стратешката стабилност на евроатланската зона“.

Русија тврди дека овие ракети се во согласност со Договорот.