Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој присуствува во Софија на одбележување на 15-годишнината од зачленувањето на Бугарија во Алијансата, предупреди дека руското кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) претставува тежок безбедносен предизвик.

Тој упати апел до Русија повторно да почне да го почитува ИНФ, договор кој со децении беше основа за контрола на вооружувањето во светот.

Столтенберг по средбата со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов наведе дека „НАТО не сака нова Студана војна“.

– Ние не сакаме нова трка во вооружувањето и ја повикуваме Русија да се врати на примена на ИНФ – посочи Столтенберг, додавајќи оти „Алијансата треба да биде подготвена за свет во кој нема да има Договор за нуклеарни сили со среден дострел, но ќе има повеќе руски ракети“.