Северноатлантската алијансата внимателно ги следи настаните во Белорусија и е подготвена да ги заштити своите сојузници, изјави Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека НАТО не претставува закана за Белорусија и на распоредува трупи во регионот.

Тој прецизираше дека НАТО се строго дефанзивни и подготвени да возвратат на секоја агресија против НАТО сојзуниците.

Со коментар за ситуацијата во Белорусија денеска се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој ја оцени ситуацијата во земјата како ужасна и посочи дека Вашингтон внимателно ги следи настаните во таа земја.

Во Белорусија пред повеќе од една недела се одржаа претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко. Оттогаш се одржуваат протести на кои се повредени стотци луѓе од кои 120 полицајци, а еден демонстрант загина.