Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата добила руски предлог за безбедносни гаранции и нагласи дека секој дијалог со Москва треба да се води во консултација со европските партнери на НАТО, како што е Украина.

Тој рече дека дијалогот со Русија треба да ја вклучи загриженоста на НАТО за дејствијата на Русија, како и да се заснова на основните принципи и документи за европската безбедност, пренесува АП.

Столтенберг додаде дека 30 членки на НАТО јасно ставиле до знаење дека доколку Русија преземе конкретни чекори за смирување на тензиите, Алијансата е подготвена да работи на зајакнување на мерките за градење доверба.