Американскиот Стејт департмент го осуди планот на Сирија да воспостави дипломатски односи со грузиските региони окупирани од Русија, Јужна Осетија и Абхазија.

Сирија вчера ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија.

– Абхазија и Сирија објавија документ за взаемно признавање и воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на Амбасада, што е одраз на нивниот заеднички стремеж да развиваат односи во сите области, се посочува во документот.

И администрацијата на претседателот на Абхазија, Раул Кхајимба соопшти дека е признаена независноста на земјата од страна на Сирија.

Грузија ги смета Абхазија и Јужна Осетија за окупирани територии како одговор на признавањето на нивната независност од страна на Русија по војната во август 2008 година.

Според Законот за окупирани територии, посетата на овие територии без дозвола од официјален Тбилиси е нелегална и се казнува со висока парична казна или затвор до четири години.