Иранската државна телевизија објави дека на погребот на генералот Касим Сулејмани, кој беше убиен во петокот, во напад со беспилотно летало по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, дошло до големо стампедо.

Агенцијата „Асошиејтед прес“, поикувајќи се на иранската национална телевизија, јави дека во стампедото загинале најмалку 35 лица, а 48 се повредени.

Првата комеморација за генералот се одржа вчера во Техеран, додека втората во неговиот роден град, Керман, се одржува денес.