Прегратки, насмевки и знаци кои покажуваат единство го одбележаа тридневниот самит помеѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во Северна Кореја, со што познавачите на состојбите ги коментираат гестовите на Ким Јонг-ун, како обид за омекнување на јавноста и создавање на позитивен имиџ, преку т.н. „инстаграм-дипломатија“, пренесуваат светските медиуми.

Севернокорејскиот лидер позираше правејќи „срца со прсти“ што претставува тренд на социјалните мрежи во Јужна Кореја уште од 2010 година, каде што луѓето ги вкрстуваат врвовите на палецот и показалецот, што потсетува на обликот на срце. Ким Јонг-ун го направи популарниот знак при фотографирањето со Мун Џае-ин на планината Паекту минатата недела. Ваквиот тренд е поврзан со популарноста на корејската поп-музика, чиишто „кеј-поп“ бендови честопати го истакувааат симболот на срце. „Инстаграм-дипломатијата“ и позирањето за селфи-фотографии беа дел и од прошетката на Ким Јонг-ун во Сингапур, во пресрет на самитот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Јужнокорејските поп-ѕвезди го покажуваат знакот за срце на нивните настапи

Забележлива е значителна промената во јавните настани на Ким Јонг-ун во изминатава година. Познавачите на состојбите коментираат дека дека тој се трансформирал од диктатор што се заканува со нуклеарен напад, во „силен лидер со добар карактер“. 

Дел од медиумите, пак, известуваат дека станува збор за своевидна „измама“ на Ким јонг-ун, кој на овој начин се обидува да го одврати вниманието од кршењето на човековите права и ускратувањето на социјалните и политички слободи во неговата држава.

Мун Џае-ин и Ким Јонг-ун