Министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевљут Чавушоглу и Сергеј Лавров утре ќе се сретнат во турскиот медитерански град Анталија, за да разговараат за подготовка на средбата на претседателите на двете земји превидена за 8 април во Москва.

Предвидено е Чавушоглу и Лавров да разговараат и за билатералните односи, како и за актуелни регионални и меѓународни настани.

Во рамки на средбата на двајцата шефови на дипломатии ќе се одржи и седмата седница на Турско-руската заедничка група за стратешко планирање.

Покрај ова, се планира Чавушоглу и Лавров да потпишат и План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Турција и Руската Федерација за периодот 2019-2020 година.

Престојот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 8 април во Москва, ќе биде негова трета посета на Русија од почетокот на годинава. Првата посета на Ердоган на Русија годинава се случи во јануари, кога тој престојуваше во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Вторпат годинава Ердоган отапатува во Русија во февруари во Сочи, каде учествуваше на трилатералната средба со Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани.